Вредноста на увозот на нафтени продукти а во Европската Унија се зголеми за 55,8% во вториот квартал од 2026 година, иако количината на увезени деривати остана речиси непроменета. Новите податоци на Eurostat покажуваат значително зголемување на трошокот за енергетски увоз, без соодветен раст на физичките количини.
Во вториот квартал ЕУ увезувала просечно 36,7 милиони тони нафтени продукти, што е само 1,2% повеќе во споредба со месечниот просек во 2025 година. Наспроти тоа, вредноста на увозот пораснала за 55,8%.
Различни движења кај гасот
Кај течниот природен гас (LNG), вредноста на увозот во вториот квартал се зголемила за 4,1%, додека физичкиот обем се намалил за 5,6%.
Истовремено, кај природниот гас што се испорачува во гасовита состојба се зголемиле и вредноста и количината на увозот. Вредноста пораснала за 18,5%, а обемот за 3,4%.
САД обезбедуваат речиси две третини од LNG увозот
Соединетите Американски Држави остануваат убедливо најголемиот снабдувач на ЕУ со LNG. Во вториот квартал од 2026 година, 63,2% од увезениот LNG во Унијата потекнувал од САД.

Русија била втор најголем снабдувач со удел од 17,3%, додека Алжир учествувал со 8,1%.
САД се и најголем поединечен снабдувач на ЕУ со сурова нафта, со удел од 18,8%. Следуваат Норвешка со 14,3% и Казахстан со 13,4%.
Норвешка доминира кај гасот преку гасоводи
Структурата е различна кај природниот гас во гасовита состојба, каде Норвешка останува главен снабдувач на европскиот пазар.

Во вториот квартал од 2026 година, 51,2% од увозот доаѓал од Норвешка, 18,2% од Алжир, а 11,1% од Обединетото Кралство.
Обединетото Кралство во овој период ја надминало Русија и станало трет најголем партнер на ЕУ во оваа категорија. Уделот на Русија изнесувал 10,2%.
Податоците на Eurostat покажуваат дека структурата на снабдувањето со енергенси во ЕУ останува силно концентрирана кај неколку главни партнери: САД кај LNG и нафтата и Норвешка кај природниот гас во гасовита состојба.
ECI

