Европа инсталираше 8,8 GW нови ветерни електрани

септември 2, 2026

Германија учествува со 3,4 GW од новите капацитети, додека Грција го предводи растот во Југоисточна Европа

Европа инсталираше 8,8 GW нови ветерни електрани во првата половина од 2026 година, што е за околу 30% повеќе во споредба со истиот период минатата година, покажува најновиот извештај на WindEurope.

Од вкупниот нов капацитет, 7,1 GW биле изградени во земјите членки на Европската Унија. Ветерните електрани на копно учествувале со 6,5 GW, односно со 74%, додека 2,3 GW биле ветерни електрани на море.

Европа надмина 311 GW ветерен капацитет

На крајот од јуни 2026 година, вкупниот инсталиран ветерен капацитет во Европа надмина 311 GW. Од нив, 270,5 GW се ветерни електрани на копно, а 40,9 GW се ветерни електрани на море.

Европската Унија располага со повеќе од 251 GW, од кои 228,4 GW на копно и 23,2 GW на море.

Украина ги инсталирала новите 414 MW на територијата под контрола на украинската влада. Тоа е нејзиниот најголем полугодишен резултат од почетокот на руската инвазија.

Грција води во Југоисточна Европа, Србија достигна 974 MW

Грција во првите шест месеци инсталирала 321 MW нови ветерни електрани, повеќе од двојно во споредба со 152 MW во истиот период од 2025 година. Нејзиниот вкупен ветерен капацитет достигнал нешто повеќе од 6 GW.

Турција додала 297 MW и го зголемила вкупниот капацитет на 16,2 GW, додека Србија со нови 150 MW достигнала вкупно 974 MW.

WindEurope очекува Грција во цела 2026 година да инсталира околу 450 MW. Тоа значи дека земјата веќе реализирала 71% од очекуваниот годишен капацитет.

Европа се движи кон рекордна година

WindEurope прогнозира дека во Европа во текот на цела 2026 година ќе бидат инсталирани 24,1 GW нови ветерни електрани. Иако прогнозата е намалена од претходните 25,4 GW, тоа сè уште би претставувало рекорден годишен резултат.

За остварување на прогнозата, во втората половина од годината треба да бидат пуштени во употреба уште 15,2 GW. Поголемата активност се очекува пред сè кај ветерните електрани на море, каде што значителен дел од изградбата вообичаено се завршува во второто полугодие.

ECI

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *