Инвестициите во соларна енергија остануваат најсилниот двигател на глобалната енергетска транзиција, покажува извештајот World Energy Investment 2026 на Меѓународната агенција за енергетика (IEA).
Инвестициите во соларна енергија достигнале 400 милијарди долари годишно
Според извештајот World Energy Investment 2026, глобалните инвестиции во соларна енергија во 2025 година изнесувале околу 400 милијарди американски долари годишно.Додека за 2026 се предвидува благо намалување, пред се поради падот на цените.
Тоа значи дека во соларни технологии се инвестира приближно 1 милијарда долари секој ден.
Овој инвестициски раст ја потврдува големата промена во глобалната енергетска економија. Соларната енергија веќе не е само дел од климатските политики. Таа станува една од најважните инвестициски категории во енергетскиот сектор.
Главниот двигател на овој тренд е големиот пад на трошоците за фотонапонски панели. Во последната деценија, нивните трошоци се намалени за околу 80%.
Рекордна година за глобалните енергетски инвестиции
Извештајот покажува дека глобалните енергетски инвестиции во 2026 година се очекува да достигнат рекордни 3,4 трилиони американски долари.
Од оваа сума, околу 2,2 трилиони долари се насочени кон чиста енергија и поврзана инфраструктура.
Ова ги вклучува обновливите извори, нуклеарната енергија, електроенергетските мрежи, складирањето, енергетската ефикасност и електрификацијата.
За споредба, инвестициите во фосилни горива и нафта, природен гас и јаглен изнесуваат околу 1,2 трилиони долари.
Ова покажува дека капиталот сè повеќе се насочува кон технологии кои ја намалуваат зависноста од увоз на горива. Во исто време, тие ја зголемуваат енергетската безбедност.

Зошто соларната енергија привлекува толку многу капитал
Соларната енергија особено се издвојува затоа што комбинира три клучни предности: пониски трошоци, широка достапност и брза изградба на нови капацитети.
Токму затоа, таа станува централна технологија во новиот глобален инвестициски циклус.
Овој инвестициски бум ја потврдува и пошироката европска и глобална насока. Енергетската иднина сè повеќе се гради врз соларната енергија, електрификацијата и новата енергетска инфраструктура.
Следниот предизвик: мрежи, складирање и флексибилност
Сепак, растот на соларната енергија отвора и нови предизвици.
Поголемото производство од обновливи извори бара значително поголеми инвестиции во електроенергетски мрежи, складирање и системска флексибилност.
Без таква инфраструктура, новите соларни капацитети не можат целосно да ја испорачаат својата вредност за електроенергетските системи.
Редакција

