Продолжуваме со серијата интервјуа со релевантни претставници од енергетскиот сектор во регионот. Овојпат фокусот е на Србија и на едно од најважните прашања за идниот развој на обновливите извори, приклучувањето на нови ветерни и соларни проекти на мрежата.
Србија влегува во критична фаза од својата енергетска транзиција, откако новите студии за приклучување на проекти од променливи обновливи извори беа одложени до периодот 2029–2030 година. Ваквата одлука отвори сериозна дебата дали станува збор за неопходна мерка за заштита на стабилноста на системот, или за сигнал дека мрежата, регулативата и администрацијата не го следат темпото на инвестицискиот интерес.
Во интервју за Energy and Climate Index, Данијела Исаиловиќ, менаџерка на RES Serbia, предупредува дека оваа одлука практично го запира развојот на нови проекти од обновливи извори и може да ја помести нивната реализација кон средината на 2030-тите години.
Како претставник на асоцијација што ги обединува компаниите кои директно инвестираат, развиваат проекти и ги чувствуваат проблемите на терен, Исаиловиќ зборува за ограничениот мрежен капацитет, бавните административни постапки, ризикот од активирање банкарски гаранции и проблемот со „фантомските проекти“ што резервираат капацитет без реална намера за изградба.
Оваа тема е важна и надвор од Србија, бидејќи слични предизвици постепено се појавуваат и во други земји од Западен Балкан.
Брзиот раст на интересот за соларни и ветерни проекти сè почесто го отвора прашањето дали мрежите, институциите и регулативата се подготвени да го следат темпото на енергетската транзиција.
Српското искуство затоа може да биде предупредување за целиот регион: без навремени инвестиции во мрежата, поефикасна администрација и јасни правила за сериозните инвеститори, обновливите извори можат да заглават не поради недостиг на интерес, туку поради системски ограничувања.
Прочитајте го целосното интервју на следниот линк.
ECI

