Фотонапонските електрани го надминаа јагленот во Кина

септември 4, 2026

Кина на крајот од јули располагала со 1.286 GW фотонапонски капацитет, наспроти 1.285 GW во електрани на јаглен, но јагленот сè уште произведува значително повеќе електрична енергија

Фотонапонските електрани во јули 2026 година првпат го надминаа јагленот и станаа најголемиот поединечен извор во Кина според инсталираниот капацитет.

Според податоците на кинеската Национална енергетска администрација, на крајот од јули во земјата биле инсталирани 1.286 GW фотонапонски електрани, додека капацитетот на електраните на јаглен изнесувал 1.285 GW.

Од вкупниот фотонапонски капацитет, 704 GW отпаѓале на големи фотонапонски електрани, а 582 GW на дистрибуирани капацитети, вклучувајќи ги постројките на покриви, покажуваат официјалните податоци објавени преку кинеската државна агенција Xinhua.

Иако разликата изнесува само околу 1 GW, ова е историска промена во кинескиот електроенергетски систем, во кој јагленот повеќе од еден век бил најголем извор по инсталиран капацитет.

Како изгледа кинескиот електроенергетски систем

Последната целосна и споредлива структура по технологии се однесува на 30 јуни 2026 година. Кина тогаш располагала со вкупно 4.042,52 GW производствен капацитет, што претставува раст од 10,8% за една година, покажува официјалната полугодишна статистика на Националната енергетска администрација.

Во категоријата „други термоелектрани“ се вклучени постројките на природен гас, нафта, биомаса и други термички извори. Малите разлики во збирот произлегуваат од заокружувањето на официјалните податоци.

Што значи дека само во месец јули, капацитетот на фотонапонски електрани се зголемил за нови 14 GW, додека капацитетот на нови термоелектрани на јаглен се зголемил за 10 GW. Со интензитетот со кој се движат инвестициите се очекува до крајот на 2026 година, разликата во инсталиран капацитет помеѓу овие две технологии значително да се зголеми во корист на фотонапонските централи.

Ветерот и сонцето донесоа 70% од новите капацитети

Кина во првата половина од 2026 година додала 158,7 GW нов производствен капацитет. Од нив, 72,07 GW биле фотонапонски и соларни термоелектрани, а 38,62 GW ветерни електрани.

Тоа значи дека ветерните и фотонапонските електрани обезбедиле околу 70% од сите нови капацитети. Обновливите извори на крајот од јуни достигнале 2.455 GW, односно 60,7% од вкупниот капацитет на земјата.

Јагленот останува главен во производството

Надминувањето по инсталиран капацитет не значи дека фотонапонските електрани веќе произведуваат повеќе електрична енергија од јагленот.

Електраните на јаглен во првата половина од 2026 година произвеле околу 2.500 TWh и обезбедиле 49,7% од вкупното производство. Сепак, ова е првпат нивното учество да падне под границата од 50%.

Како што претходно објави Energy & Climate Index, обновливите извори во истиот период обезбедиле рекордни 41,2% од производството на електрична енергија во Кина. Ветерните и фотонапонските електрани заедно произвеле 1.250 TWh и покриле 24,6% од вкупната потрошувачка.

Новата пресвртница затоа покажува колку брзо се менува структурата на кинескиот систем, но и колкав е следниот предизвик: огромниот фотонапонски капацитет да се претвори во поголемо и посигурно производство преку нови електроенергетски мрежи, батериски системи и други извори на флексибилност.

ECI

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *