Александар Бранковиќ за SET Требиње: SET e повеќе од конференција

септември 4, 2026

Секоја голема приказна започнува со идеја. Но, идејата сама по себе не е доволна. Потребни се визија, верба, упорност и луѓе подготвени да ја претворат во реалност. Токму таква приказна стои зад Самитот за енергетика Требиње – SET.

Александар Бранковиќ, директор на SET, беше меѓу оние кои веруваа дека Требиње може да стане место каде што ќе се собираат најважните луѓе од енергетскиот сектор во регионот, место каде што ќе се среќаваат знаењето, искуството, капиталот и новите идеи. Од почетната идеја до денес, SET растеше од година во година, градејќи го своето место на енергетската мапа на регионот.

Бранковиќ уште од првите изданија ја истакнуваше амбицијата SET да стане еден од најзначајните и најдобро организирани настани од овој вид во Југоисточна Европа. Денес, по години работа и стекната доверба од партнерите, институциите, компаниите, експертите и учесниците, таа визија повеќе не е само идеја, таа прерасна во препознатлив настан и бренд.

Зад секое издание на SET стои цела година подготовка, голем тим и безброј детали кои можеби не се видливи, но токму тие го создаваат настанот што се памети. Веруваше во идејата. Ги собра луѓето. Градеше доверба. И од година во година, ги поместуваше границите.

А приказната продолжува…

Во разговор за SET Требиње, Бранковиќ зборува за патот што SET го помина од првото издание до денес, за резултатите и најважните пораки од седмиот Самит, но и за новата фаза на развој која носи посилно меѓународно поврзување и проширување кон регионалните пазари.

Тој открива што за SET значи соработката со компанијата COLENCO, какви очекувања има од новите членови на тимот и што ги очекува учесниците на осмото издание на SET, кое ќе се одржи од 17 до 19 март 2027 година.

Тој открива и што значи ангажирањето на Марко Јанковиќ како директор задолжен за програмата и Виктор Андонов, како експерт задолжен за позиционирањето на SET во Македонија и Србија.

Зборува и за амбицијата SET да не биде само најголем, туку пред сè еден од највлијателните енергетски настани во овој дел од Европа. Од интерес е и пазарот и компаниите од Македонија, имајќи во предвид дека сите се наоѓаме во ист регион.

Ексклузивно за Energy&Climate Index Бранковиќ одговара и зошто смета дека SET Требиње може да биде важна платформа за компаниите од Македонија и што конкретно можат да добијат со своето присуство на Самитот, од нови деловни контакти и партнерства до пристап до инвеститори, проекти и пазари во регионот.

Македонија за нас е исклучително интересен и важен енергетски пазар. Во последните години таму гледаме силен инвестициски циклус, особено во обновливите извори на енергија, а сè поголем интерес има и за батериските системи за складирање, развојот на мрежата и новите модели на тргување и снабдување со електрична енергија.

Но, она што е уште поважно е дека македонските компании сè повеќе не размислуваат само во рамките на домашниот пазар. Енергетиката денес е регионален бизнис. Проектите, капиталот, опремата, технологијата и електричната енергија ги надминуваат националните граници и токму затоа е важно компаниите да бидат присутни таму каде што се среќава регионот.

Токму тоа сакаме да им го понудиме преку SET. Компанија од Македонија во Требиње во текот на три дена може директно да разговара со потенцијални партнери од Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Хрватска, Словенија и пошироко, но и со инвеститори, финансиски институции, производители на технологија, енергетски компании и луѓе кои носат одлуки.

За мене, вредноста на SET не е само во тоа кој ќе зборува на панелите. Вистинската вредност е во тоа кого можете да сретнете, со кого можете да започнете разговор и каква соработка може да произлезе од тој контакт. Многу деловни односи не започнуваат во сала за состаноци, туку со еден разговор меѓу два панели.

Затоа сакаме на SET 2027 да имаме значително посилно присуство на компании од Македонија. Не сакаме тие да дојдат во Требиње само како публика. Сакаме да бидат активен дел од регионалната енергетска заедница и да ги претстават своите компании и проекти, да создадат нови партнерства и да отворат можности за бизнис и надвор од домашниот пазар.

Ако една компанија по три дена во Требиње си замине со два или три нови сериозни контакти, потенцијален партнер или идеја за нов проект, тогаш SET ја исполнил својата цел.

Кој бил на SET, знае за што зборувам.

А кој не бил од 17 до 19 март 2027 година има можност да провери зошто за SET се зборува и откако ќе се изгаснат светлата на сцената.

Целото интервју можете да го прочитате на официјалниот сајт на SET.

ECI

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *