На 17 и 18 септември 2026 година во Holiday Inn во Скопје ќе се одржат 3-тите Денови на електро инженери, стручен настан кој ќе собере инженери, експерти и професионалци од областа на електротехниката од земјата и регионот.
Настанот го организира Одделението за електротехника при Комората на овластени архитекти и овластени инженери, со цел да создаде простор за размена на знаења, практични искуства и идеи, како и за поголемо поврзување во електроинженерската заедница.
Во текот на двата дена се очекуваат стручни предавања и дискусии посветени на актуелните предизвици и развојот на електротехниката, како и можности за директна комуникација и вмрежување меѓу учесниците.
Во услови на забрзана трансформација на електроенергетскиот сектор, интеграција на обновливи извори, развој на системи за складирање енергија, дигитализација и модернизација на електроенергетските мрежи, стручната размена меѓу инженерите добива сè поголемо значење.
3-тите Денови на електро инженери започнуваат на 17 септември во 09:00 часот, а програмата продолжува и на 18 септември.
Пријавувањето за учество се врши онлајн, а рокот за регистрација е 13 септември 2026 година. Програмата за настанот на следниот линк.
ECI

