Обединетото Кралство ја почнува регулаторната оценка на Xe-100

септември 16, 2026

Британските нуклеарни регулатори добија официјално барање да ја започнат оценката на малиот модуларен реактор Xe-100 на американската компанија X-energy, отворајќи пат за потенцијално распоредување на новата нуклеарна технологија во Велика Британија.

Office for Nuclear Regulation (ONR), Environment Agency и Natural Resources Wales на 15 септември потврдија дека од нив е побарано да започнат тристепена Generic Design Assessment (GDA) за реакторот. Ова е британската регулаторна постапка преку која се оценуваат безбедноста, обезбедувањето и влијанието врз животната средина на новите нуклеарни технологии пред да се премине кон конкретна локација.

До 6 GW нова нуклеарна моќност

Xe-100 е високотемпературен реактор ладен со хелиум, со електрична моќност од 80 MW по реактор и можност за производство на 200 MW топлинска енергија за индустриски потреби. Реакторите можат модуларно да се комбинираат во поголеми постројки.

X-energy и британската Centrica имаат поширок план за потенцијално распоредување на до 6 GW нов нуклеарен капацитет во Велика Британија. Како прва потенцијална локација е идентификуван Hartlepool, каде се разгледува комплекс од 12 Xe-100 реактори со вкупна моќност од 960 MW.

X-energy очекува процесот на Generic Design Assessment да заврши до крајот на 2029 година.

Нуклеарна енергија и за индустријата и дата центрите

Разликата во однос на класичните големи нуклеарни реактори е и во потенцијалната примена. Xe-100 е дизајниран не само за производство на електрична енергија, туку и за обезбедување високотемпературна пареа и топлина за индустриски процеси.

X-energy директно ги наведува индустријата и дата центрите меѓу потенцијалните пазари за технологијата. Тоа станува сè порелевантно во услови на брз раст на потрошувачката на електрична енергија од AI и дата центрите и зголемен интерес за стабилни извори на енергија што можат да работат 24 часа.

Влегувањето на Xe-100 во британскиот регулаторен процес затоа претставува важен чекор од развојот на технологијата кон потенцијално комерцијално распоредување во Европа.

ECI

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *