METLEN и Karatzis Group на 14 октомври го отворија најголемиот самостоен батериски систем за складирање електрична енергија во Грција, кај Лариса, во регионот Тесалија. Постројката има моќност од 330 MW и капацитет за складирање од 790 MWh и, според METLEN, е меѓу најголемите од овој вид во Европската Унија. На отворањето присуствуваше грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.
Заедничка инвестиција со европска поддршка
Проектот е реализиран преку заедничко инвестициско друштво, во кое METLEN учествува со 49%, а Karatzis Group со 51%. METLEN ја презеде изградбата, работењето и одржувањето на постројката.
Инвестицијата е поддржана со заем од европскиот Механизам за закрепнување и отпорност, во рамките на NextGenerationEU.
При објавувањето на партнерството во октомври 2025 година, компаниите ја проценија инвестицијата на околу 170 милиони евра. Соработката се надоврзува на нивното претходно партнерство за продажба и преземање електрична енергија од портфолио фотонапонски електрани со вкупна моќност од 262 MW во истиот регион.

Митилинеос: складирањето е неопходно за користење на чистата енергија
Евангелос Митилинеос, извршен претседател на METLEN, на отворањето изјави:
Би сакал да им се заблагодарам на нашите партнери од Karatzis Group, лично на Антонис Караѕис и на сите во METLEN што придонесоа за реализацијата на овој значаен проект.“
„Особено сум горд што денес, овде во Тесалија, ја отвораме најголемата самостојна постројка за складирање енергија во Грција и Источна Европа и една од најголемите во Европската Унија.
Овој проект ја одразува новата реалност на енергетскиот систем, бидејќи складирањето, заедно со мрежите и интерконекциите, е неопходно за ефикасно да ја користиме чистата енергија што ја произведуваме и да им обезбедиме на компаниите и потрошувачите посигурно и попредвидливо снабдување со енергија.
Караѕис: долгорочна инфраструктурна инвестиција за грчката економија
Антонис Караѕис, претседател и извршен директор на Karatzis Group, изјави:
За нас, овој проект го означува почетокот на нова ера во која имаме намера да играме активна и значајна улога.“
„Денес одбележуваме важна пресвртница за Karatzis Group и за енергетската иднина на земјата. Нашето учество во проект за складирање од вакви размери го одразува нашиот стратешки избор да инвестираме во инфраструктура со долгорочен хоризонт и суштинска вредност за грчката економија.
Заедно со METLEN покажуваме како две водечки грчки компании можат да ги обединат силите, стручноста и подготвеноста за инвестирање, реализирајќи проекти според меѓународни стандарди, зголемувајќи го користењето на обновливите извори, зајакнувајќи ја стабилноста на мрежата и унапредувајќи ја енергетската сигурност на Грција.

Мицотакис: целта е најмалку 30% пониска цена до 2030 година
Мицотакис во својот говор ја објасни улогата на батериите преку примерот на Тесалија: во летните пладневни часови, фотонапонските електрани произведуваат повеќе електрична енергија отколку што се троши, со ниски, а понекогаш и негативни цени. По зајдисонце, производството опаѓа, додека потрошувачката останува висока поради користењето климатизери. Складирањето овозможува дел од дневниот вишок да се искористи во вечерните часови.
„Во Солун поставивме централна цел: до 2030 година да ја намалиме цената на електричната енергија за најмалку 30%.“
Тој ја нагласи потребата од намалување на зависноста на цената на електричната енергија од природниот гас. Истовремено, посочи дека Грција го поддржува развојот на складирањето со средства од Фондот за закрепнување и издвојува дополнителни 200 милиони евра за слични интервенции.линеос ја истакна и улогата на електроенергетските мрежи и интерконекциите, кои заедно со складирањето треба да овозможат поефикасно користење на чистата енергија и посигурно и попредвидливо снабдување за компаниите и потрошувачите.
ECI

